Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем пожар во зграда во Кисела Вода – едно лице повредено, жителите евакуирани

/

пред 602 дена

Сподели преку :

Голем пожар избувна доцна синоќа во станбена зграда во скопската населба Кисела Вода, во близина на општинската зграда. Според првичните информации, едно лице е повредено, а еден стан е целосно изгорен.

Неколку станови се зафатени од огнената стихија, оставајќи дел од жителите без покрив над главата. Противпожарните екипи од Скопје веднаш интервенираа и, иако работеа во тешки услови на минусни температури, успеаја да го локализираат пожарот и да спречат поголема катастрофа.

Интервенцијата беше поддржана и од екипи на МВР, кои ја обезбедија областа и помогнаа во евакуацијата на станарите. За среќа, во пожарот нема жртви.

Жителите на погодената зграда синоќа беа згрижени во просториите на Општина Кисела Вода, каде што им беше обезбедено засолниште. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој со својот тим беше на терен веднаш по избувнувањето на пожарот, изјави дека општината ќе помогне со сите расположливи ресурси за да се надмине ситуацијата.

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот, како и за проценка на материјалната штета.