Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голема полициска акција во Скопје: Уапсени криминалци, пронајдени оружје, муниција и дронови

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

Неколку криминалци кои се осомничени за тешки кривични дела се лишени од слобода во големата полициска акција што се реализира денеска на подрачјето на Скопје, дознава Телма од полициски извори. Во неа, учествувале полициски службеници од СВР Скопје во содејство со специјалци од единицата „Тигар“.

Како што дознаваме, при претресите во акцијата се биле пронајдени оружје, муниција, дронови и други предмети поврзани со извршени кривични дела.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потврдуваат сознанијата на Телма и повеќе детали најавуваат за утре.

Сашко Димовски