Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големите партии со сопки, независните листи со партии за учество на изборите

/

пред 448 дена

Сподели преку :

Големите партии се решени да им го отежнат кандидирањето на независните советнички листи на претстојните локални избори, тие, пак, се решени да учествуваат на изборите.

Откако Уставниот суд пред два месеци ги укина членовите од Изборниот законик со кој се предвидува колку потписи треба да соберат независните иницијативи, во моментов, според експертите, има правна празнина, па на локалните може да се кандидира кој сака без собирање потписи. Сепак, независните се плашат дека власта во последен момент поинаку ќе го протолкува или ќе го смени законот за да ги спречи, па за да избегнат паѓање во замка, најавија формирање партии.

„Проблемот тука е што ДИК единствено ќе го слуша Собранието како единствен законски толкувач на Законот. И ние имаме некакви експертски толкувања, но на состанокот со ДИК, тие рекоа исклучиво тоа што ќе ни каже Собранието е тоа што ние може да го практикуваме, што е и многу нормално. Во овој случај, ние побаравме од Собранието да има автентично толкување на Изборниот законик во состојбата во којашто е сега, каде што не се наведува колку потписи се потребни за учество на независните на локалните избори, но Собранието рече ние без дозвола од Влада не може да го толкуваме, што за мене е апсурдно законодавен дом да бара дозвола од некој друг да си го толкува сопствениот закон, но сè уште немаме добиено никакво автентично толкување. И нормално дека ова е уште една тактизација од големите партии со цел да се уништи можноста и учеството на независните на локалните избори. Со цел да не дозволиме до последен момент да не држат во неизвесност, па после да ни речат роковите ви поминаа и не може ништо да правите, решивме да го направиме овој чекор“, вели Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Потписи за регистрирање партија заеднички ќе собираат и иницијативите „Шанса за Центар“, „Независни за Карпош“ и „Зелените од Гази Баба“ за да може да учествуваат на изборите во своите општини.

Сè уште не е почнато собирањето потписи, но и едните и другите се уверени дека без проблем ќе ги соберат потребните 1000 потписи за регистрирање на партија и учество на изборите.

Во март 2024, Собранието донесе измени на изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независни кандидати на изборите на 1 отсто од регистрираните гласачи. Според тие измени, наместо 350 потписи за учество на изборите во скопските општини, се бараа двојно повеќе потписи, а за Град Скопје, наместо дотогашните 1000 се бараа 4600 потписи. На локалните избори во 2021 година, беа со помалку од 4500 гласови се стануваше Советник во Град Скопје. Партија на пример се регистрира со 1000 потписи и може да учествува на сите избори. Уставниот суд во мај ги укина овие измени како дискриминаторски.

Во моментов нема поставено граница, но пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата, заеднички предложија измени со кои повторно се зголемува прагот за учество на независните. Неизвесно е дали измените ќе бидат изгласани до распишувањето на изборите.

Срѓан Стојанчов