Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Големите жештини ги зголемуваат производствените трошоци на струмичките земјоделци

/

пред 453 дена

Сподели преку :

Големите жештини ги зголемуваат производствените трошоци на струмичките земјоделци. Почесто наводнување, вложување во заштитни мрежи, се само дел од дополнителните трошоци за да се одгледаат градинарските култури.

Земјоделците велат дека после недостатокот на работна сила и пласманот, климатските промени се третиот голем предизвик за земјоделското производство. На овие горештини предизвик е и да се организира работата. Високите температури  го органичуваат и времето на работа на земјоделците.

Во пластениците не се влегува после 8 часот наутро, па градинарите се приморани да работат од изгрејсонце и доцна пред зајдисонце, што го скратува времето на ефективна работа.

Освен градинарските култури високите температури стануваат проблем и за овошните насади, каде наводнувањето е неопходно бидејќи може да дојде до намалување на приносите.

Сузана Мицева