Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

/

пред 893 дена

Сподели преку :

Првичните резултати од денешниот втор круг претседателски избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени речиси 17 отсто од гласачките ливчиња, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со освоени 61,98 отсто од гласовите, а Стево Пендаровски од СДСМ има 30,48 проценти.

За претседател во вториот круг на гласање ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 725.727 гласачи, како што е предвидено во Изборниот законик, а за него гласале 362.864 избирачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски вечерва изјави дека според податоците пристигнати до 18:30 часот, одѕивот на изборите за шеф на државата бил 46,34 проценти.

ДИК првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.