Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ѓорѓиевски: Изречени казни за правни лица поради сериозното аерозагадување што беше регистрирано изминатите денови

/

пред 295 дена

Сподели преку :

Инспекторатот за животна средина изрекол казни за правни лица на територијата на градот Скопје поради поради сериозното аерозагадување што беше регистрирано изминатите денови, откако, според државниот мониторинг, беше пробиен дозволениот праг на загадување на воздухот.

Градоначалникот на Скопје соопшти дека во изминатите два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски надзори на терен, при што Инспекторатот за животна средина санкционирал субјекти што го загрозуваат здравјето на граѓаните. Тој порача дека нема да има никаква толеранција и дека контролите ќе продолжат уште поинтензивно.

Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје објави и сет препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои веќе се применуваат и се јавно достапни на официјалната веб-страница на градот.

Во соопштението објавено на „Фејсбук“ од страна на градоначалникот Ѓорѓиевски се истакнува и поддршката за мерките што Владата ги спроведува во насока на почист воздух, меѓу кои Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи во градинките, пошумувањето, гасификацијата и изградбата на когенеративни централи.

Од Градот апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките и активно да се вклучат во борбата против загадувањето, а потенцијалните загадувачи да ги пријавуваат на електронската адреса: [email protected]


Т.Д.