Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Горивата поскапуваат за 1,5 денари по литар

/

пред 1220 дена

Сподели преку :

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,5 денари. во однос на одлуката од 05.6.2023 година.

Со тоа од вечерна на полноќ малопродажната цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 83,5 денари, додека Еуродизелот ќе се продава за 70,5 денари.

За денар и половина се зголемува и малопродажната цена на екстралесното масло, која ќе изнесува 69 денари.

Се зголемува и цената на Мазутот, кој од вечерва ќе се продава за 40,526 денари за килограм.