Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Град Скопје нема да ги грее скопјани, работењето со БЕГ бара да го преземе централната власт

/

пред 1587 дена

Сподели преку :

Градската власт засега нема интерес да управува со греењето во Скопје, по одземањето на лиценците на БЕГ. Немаат предвидено пари во буџетот за таа намена, а градоначалничката проблемот го префрли на централната власт.

И покрај ова, министерот Бектеши,  ја повика Арсовска да управува со градското парно, тврдејќи дека, самата изразила желба да ја врши оваа дејност за време на кризна состојба.

Караницата меѓу Бектеши и Арсовска почна уште зимата, кога граѓаните првпат почувствуваа студени радијатори. Во Топ тема на Телма,  градоначалничката изјави дека, уште во времето на Шилегов  имале намера да управуваат со грењето, основано е и претпријатие, меѓутоа, не добиле лиценца. Бектеши, пак, ја обвини дека требала однапред да го креира буџетот и да предвиди пари и за криза.

БЕГ, всушност, и` должи пари на владата, затоа, според претседателот на Регулаторната комисија, е најдобро тие да го преземат управувањето.

Една од варијантите е, управувањето да го преземе ЕСМ, што и се случи за време на кризната состојба. Но, доколку и тоа не се случи, државата ќе мора преку тендер да бара фирма што ќе има можност да ја врши оваа функција. Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства во Скопје.

Далиборка Демјанска Цветановска