Град Скопје официјално отвори шелтер-центар наменет за жртвите на семејно насилство. Па така, со потпишување на договорот се отстапува стан од Град Скопје и се дава во сопствеништво на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“.
Од Градот се надеваат дека овој простор претставува засолниште, надеж и можност за нов почеток, каде жртвите ќе добијат директна помош, советување, заштита и поддршка во процесот на надминување на насилството.
Поради безбедносни причини, локацијата на станот останува доверлива поради заштита на жртвите и нивната сигурност. Од надлежните порачаа дека насилството нема место во ниту еден дом и дека секој човек заслужува живот без страв, понижување и болка, ветувајќи дека ќе продолжат со креирање системски мерки за ефективна заштита на жртвите.
Т.Д.











