Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот на Истанбул во притвор до судењето – масовни протести во Турција и масовни приведувања

/

пред 575 дена

Сподели преку :

Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопштија денеска властите. Турското Министерство за внатрешни работи на „Икс“ напиша дека 323 лица биле приведени по вчерашниот бран на демонстрации.

Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.

Имамоглу, главен политички ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен во средата.

Судот денеска одреди да остане во притвор до почетокот на судењето.