Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градоначалникот на Струмица пиејќи вода од чешмите во фабриката за прочистување соопшти дека водата е безбедна за пиење

/

пред 740 дена

Сподели преку :

Пиејќи вода налеана од чешмите во фабриката за прочистување, струмичкиот градоначалник Костадинов синоќа соопшти дека водата од брана Турија е донесена до ниво да е безбедна за користење. Објави дека добиле два последователни резултати од акредитирана лабораторија за  хемиско-физичкиот состав на водата и една микробиолошка анализа, кои покажале дека водата е чиста и може да се пие.

Струмица три недели има забрана за пиење на водата од градскиот водовод, поради зголемено количество на манган. Причина било намаленото количество на вода во брана Турија и заматувањето на водата со кал од надојдените реки по дождовите, но според Костадинов имаше обиди проблемот да се исполитизира и злоупотреби.

Покрај Струмица водата не е исправна за пиење и во општина Василево, чие комунално претпријатие се снабдува со вода од истата  брана Турија, а од пред неколку дена во Општина Босилово има забрана за пиење на водата од водоводната мрежа иако тие добиваат вода од други извори.

Сузана Минцева