Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Градските власти во Париз негираат дека биле украдени доверливи информации за Олимпијадата

/

пред 969 дена

Сподели преку :

Градските власти на Париз негираат дека биле изгубени доверливи податоци за обезбедувањето на претстојните Олимписки игри при кражбата на компјутерската опрема којашто беше пријавена претходно.

„Првичните проверки покажаа дека работникот не поседувал никакви информации поврзани со организацијата и распоредувањето на полициските службеници за време на Олимпијадата и Параолимпијадата“, е наведено во соопштението.

Француската телевизија БФМТВ вчера извести дека во воз биле украдени компјутер и УСБ со вакви планови во Париз.

Главниот град на Франција беше повеќе пати цел на смртоносни терористички напади така што безбедноста е меѓу најголемите предизвици на организаторите на париските Олимписки игри.