Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Граѓански законик за европско решение за казнените камати и застарување на извршувањето

/

пред 805 дена

Сподели преку :

По речиси децанија и половива Макеоднија ќе добие Граѓански законик следната година.

Претседателот на комисијата за изработка на законикот, професорот Гале Галев најави дека завршила подготовката на сите 5 книги – општ дел граѓанско право, стварно право, облигациони односи наследно право и семејно право  и ќе следува стурчна расправа

Граѓанскиот законик се уредува по примерот на европските кодификации и ќе обедини современи решенија на сите застарени или нерегулирани прашања и односи.

Според професоорт Галев, меѓу новините е воведување брачен договор, договор за наследство но и уредување на прашањето со затезните камати и извршувањето на побарувањата кое се базира на овие казнени камати – прашање кое го бранува општеството веќе подолго време особено откако законските измени се најдоа пред Уставен.

Министерството за правда деновиве објави дека овој сложен и обемен процес  е во завршна фаза.

Граѓанскиот законик ќе даде значителен придонес кон обезбедување на пристапот до правда и правната сигурност на граѓаните, посочија од таму.

Елена Ивановска Мукоска