Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчева во „Топ тема“: МОН секогаш било за партиско поткусурување, со министер кој не знаеле каде да го сместат, имаме катастрофален закон за високо образование

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Квалитетното образованбие ни е многу важно, да не се лажеме, Македонија котира многу долу во однос на другите европски универзитети, а, за жал, и меѓу балканските универзитети, студентите со право ја напуштаат државата, истакна Солза Грчева, национален координатор за високо образование, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Не може да се каже дека тоа го прават од некакви, не знам, потреби да исчекорат од државата, туку одат во потрага по подобро образование, за разлика од порано што одеа од економски, некакви, причини, да бараат работа, итн.“, рече Грчева.

Според неа, потребна е дигитализација, потребно е подигнување на студентскиот стандард, потребно е подобро организирање на студентите за да можат да ги артикулираат своите барања.

„Многу, многу проблеми има високото образование. На тема слободно може да се направат 20 емисии. Грешки се направени многу. Прво, тоа министерство секогаш било за партиско поткусурување и не му се давала соодветната тежина. Секогаш таму сме имале министер кој не знаеле каде да го сместат, министер кој не бил компетентен. И структурите внатре во тоа министерство не биле компетентни, а сите имале некакви насушни потреби да се бават со стратегии, со реформи“, изјави Грчева.

Реформа, додаде таа, може да однесе надолу, наместо нагоре.

„За жал, во последно време, реформите кои што ги гледавме ги урнисаа и оние мали изблици на добри работи. Ние имавме министри кои што доаѓаа од невладини организации кои што не се бавеа со образование“, вели Грчева.

Таа се наврати на реченица на академик Беџети која вели „каде што завршува автономијата на универзитетот, почнува одговорноста“.

„Има некои работи кои што државата мора да ги среди за да овозможи таа економија навистина да биде плодна, да дозволи развој, а не да биде злоупотребена на штета на студентите кои што треба да се стожерот на образовниот систем. Има закони кои се катастрофални ако земете да ги анализирате. И овој сега што ни е на сила е катастрофален. Тој мора да се менува, прашањето е дали ќе има промена на доволен број на членови за да се направи целосно нов закон или ќе се оди со измени и дополнувања на постоечкиоот закон“, истакна Грчева.