Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грчките земјоделци продолжуваат со блокади низ целата земја

/

пред 314 дена

Сподели преку :

Грчките земјоделци и денеска ги продолжија блокадите на главните автопати и граничните премини, проширувајќи ги протестите од Тесалија до Македонија, Тракија, Епир и западните региони. Најсериозни прекини има во Тесалија, каде автопатите Атина – Солун и Е65, речиси, целосно се затворени за сообраќај, што предизвикува големи нарушувања.

Во Македонија, јужната лента на автопатот Солун – Атина, кај Малгара, е затворена од 1 декември, а повремени прекини има и во спротивната насока.

На границата со Македонија и Бугарија, вклучително и кај „Евзони“ и „Промахонас“, земјоделците најавуваат можно дополнително заострување на мерките и ограничување на меѓународниот товарен транспорт. Земјоделците бараат заостанати субвенции и обесштетувања, пониски производни трошоци и поголема поддршка за сточарите, погодени од неодамнешната епидемија на сипаници што ги уништи стадата овци и кози.

Протестите се очекува да се засилат наредната недела со нови блокади и масовни собири.