Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грција под силен топлотен бран: температурите ќе достигнат до 43°C

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Грција од денеска е зафатена од нов силен топлотен бран, при што температурите во наредните денови се очекува да достигнат и до 42-43 степени Целзиусови во повеќе делови на земјата.

Највисоки температури се прогнозираат за четврток и петок, а топлотниот бран ќе трае најмалку до недела.

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Јанис Кефалојанис одржа вонреден состанок, на кој беше одлучено сите служби да бидат во состојба на зголемена готовност.

Министерството за труд воведе задолжителен прекин на работа од 12 до 17 часот за работниците на терен, вклучувајќи ги и доставувачите, со цел заштита од екстремните температури.

Општините низ цела Грција, вклучувајќи ја и Атина, отворија климатизирани простории за граѓаните.

Ланското лето беше меѓу најтоплите досега, со голем број последователни денови со екстремно високи температури, особено во урбаните средини.