Грција повторно испрати два противпожарни авиона од типот канадер CL-415 за гаснење на големиот пожар во селото Николиќ, во општина Дојран во близина на границата.
Од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција соопштија дека во 16:53 часот по локално време двата канадери полетале од Солун за да помогнат во справувањето со огнената стихија.
Додадоа дека испраќањето воздушни средства, односно двата канадери е „преку Европскиот механизам за цивилна заштита (UCPM), кој беше активиран по барање од Република Северна Македонија.
Во средата, по билатерално барање од Центарот за управување со кризи до Единствениот координативен центар за операции и управување со кризи на Грција, исто така за пожарот кај Дојран, грчката Влада веднаш позитивно одговори на барањето за помош и испрати два канадери и две противпожарни возила со осум пожарникари.











