Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грција со мерки за намалување на гужвата на границата со Македонија

/

пред 109 дена

Сподели преку :

Грчките власти преземаат мерки за намалување на гужвите и забрзување на протокот на патници на копнените гранични премини, во услови на зголемен сообраќај и примена на новиот систем за влез-излез , кој вклучува и биометриска регистрација на државјани од трети земји.

На ова се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за регионите Македонија и Тракија, Константинос Гиулекас, кој на конференција за туризам истакна дека се разгледуваат привремени решенија за олеснување на преминувањето на границите, јави МИА.

Меѓу мерките е поставување модуларни контролни пунктови на граничниот премин Евзони, со што една сообраќајна лента се проширува во две, со цел да се намали времето на чекање. Воедно се најавуваат и активности за модернизација на инфраструктурата на преминот, која засега се спроведува во фази.

Во однос на системот за биометриска регистрација, тој нагласи дека европската регулатива овозможува привремено и делумно суспендирање на неговата примена во периоди на зголемен сообраќај, практика што, како што рече, веќе се применува.