Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грејната сезона продолжува поради временските услови

/

пред 908 дена

Сподели преку :

ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење дека утре ќе добијат топли радијатори бидејќи како што велат исполнети се условите за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација велат е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С.

Снабдувањето со топлинска енергија, согласно регулативата, по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена, до 30-ти април, во зависност од временските услови.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика.