Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грејната сезона во Скопје ќе започне на 15 октомври

/

пред 370 дена

Сподели преку :

Грејната сезона официјално ќе започне на 15 октомври за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во Скопје, соопшти ЕСМ. Системот опфаќа околу 66.000 активни потрошувачи, од кои 65.000 се домаќинства, а над 1.000 се деловни објекти, меѓу кои болници, училишта, градинки и здравствени установи.

Испораката на топлинска енергија ќе се врши секојдневно, според строго утврдени правила кои зависат од надворешните температури и временските услови. Во октомври и првата половина од ноември, испораката ќе се прилагодува во текот на денот, однсоно ќе се зголемува кога температурите се пониски, а ќе се намалува или прекинува кога тие ќе ги надминат граничните вредности.

Од АД ЕСМ информираат дека поради најавени ремонтни активности на регионалните гасоводи и гасоводот „Турски тек“, од 13 до 17 октомври се очекува прекин во испораката на природен гас. Сепак, се очекува расположливите количини во системот да бидат доволни за квалитетна испорака на топлинска енергија. Можно е да има мали редукции во испораката во периодот од 15 до 17 октомври, но, како што посочуваат од ЕСМ, тие нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите.