Борбата против изградбата на системот на мали хидроцентрали на реката Дошница станува еден од најголемите еколошки протести во државата – целосно организиран и подржан пред се од млади, самоорганизирани граѓани, објавија на Фејсбук граѓаните, кои денеска ги посети шветската активистка Грета Тунберг.
– Протестот и низата блокади кои во најтоплите денови во годината, веќе повеќе од еден месец траат денес добија и меѓународна подршка, а со тоа и внимание од светските медиуми. Шведската активистка Грета Тунберг- во неочекувана и ненајавена посета на Македонија, по средбите со граѓаните вчера во Тетово и Скопје, денес се придружи на блокадите на Дошница.
Речиси сите еколошки друштва, здруженија и организација во последните денови јавно и децидно се изјаснија против овој проект, а Владата и ресорното министерство секако по навика остануваат неми на реакциите на граѓаните, објави онлајн платформата Дома.











