Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грета Турнберг уапсена во Лондон на протестот за поддршка на затворените про-палестински активисти кои штрајкуваат со глад

/

пред 293 дена

Сподели преку :

Грета Тунберг била уапсена денеска во центарот на Лондон додека протестирала во поддршка на про-палестинските активисти кои штрајкуваат со глад додека во затвор чекаат да им се суди по обвиненијата поврзани со серија претходни демонстрации.

Протестната група „Затвореници за Палестина“ сподели видео со 22-годишната Швеѓанка која држи порака со поддршка за штрајкувачите со глад и нивната организација, позната како „Акција за Палестина“.

Владата во Лондон претходно оваа година ја забрани оваа организација како терористичка организација.

Денешната акција беше дел од поголемите демонстрации во кои двајца други активисти испрскале со црвена боја една осигурителна компанија во Лондон, во делот од градот познат како центар на Британската индустрија за сервисни услуги.

Групата „Затвореници за Палестина“ соопшти дека ја таргетирале оваа осигурителна компанија затоа што ја поддржува компанијата за производство на одбранбени системи „Елбит системи“ која е поврзана со Израел.