Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Груевски со прашање до министерот Филков- Кој е на власт во Македонија?

/

пред 157 дена

Сподели преку :

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија денеска со исклучително долга објава на Фејсбук се обрати до министерот за правда, Игор Филков,  предизвикан од , како што вели, неговата изјава дека го чекал формирањето на новата власт во Унгарија, за да се информира за промената на неговиот статус и започнување на постапката за екстрадиција.

Централното прашање во објавата на Груевски до Филков е: Кој е на власт во Македонија?

Според него, актуелните потези наликуваат на политики од времето на претходната власт и него му наликувало дека, како што пишува,  „СДСМ на криминалецот Заев со неговата омраза и валкани методи не си заминале од власт“.

Целосно отфрлајќи ги сите обвиненија, тој го советува министерот да ги испита, како што наведува, злоупотребите, незаконските постапки и политичкиот прогон што се случувале во периодот на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

Груевски повторно ги оспори судските процеси против него, тврдејќи дека станувало збор за монтирани случаи, политички мотивирани обвиненија и пресуди донесени под притисок.

Во објавата тој ги спомена предметите поврзани со службеното возило „Мерцедес“, случаите за плацеви, станови, протестите пред Општина Центар, како и проектот за автопатот Кичево-Охрид, тврдејќи дека обвиненијата биле неосновани.

Поранешниот премиер оцени дека еден ден, како што наведе, „пародијата на правосудниот систем“ ќе биде согледана и од Европската Унија од вистински агол.

На крајот, Груевски порача дека министерот за правда треба да постапува според совеста и законите, а не да стане дел од, како што рече, „валкана игра од минатото“.