Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Група лозари протестираат на патот Кавадарци – Неготино

/

пред 1603 дена

Сподели преку :

Група лозари од Тиквешко денеска протестираат на патот Кавадарци – Неготино, барајќи решавање на неколку долгогодишни проблеми во лозарството.

Организаторите на протестот изјавија дека се соочуваме со проблеми при наводнувањето на лозовите насади и со неисплатено грозје од одделни винарници.

Бараме субвенции и за обезбедување на ѓубриво за ѓубрење на лозовите насади. Бараме исто така средба помеѓу претставници на лозарите и винариите со посредство на Министерството за земјоделство за да се утврдат количини на грозје што винарите планираат да ги откупат оваа година, по која шеќерност и цена за килограм, додаваат организаторите.

Предвидено е протестот да трае до 13 часот.