Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гутереш: ОН се соочуваат со „неизбежен финансиски колапс “

/

пред 247 дена

Сподели преку :

Обединетите Нации се соочуваат со ризик од неизбежен финансиски колапс, затоа што земјите членки не ги плаќаат своите придонеси, предупреди денеска генералниот секретар на Светската организација, Антонио Гутереш.

Според Гутереш, финансиската криза која им се заканува на ОН се „продлабочува и го загрозува исполнувањето на програмата на организацијата, која може да остане без пари до јули“.

Во писмото испратено до амбасадорите, Гутереш пишува дека сите 193 земји членки мора да ги почитуваат своите финансиски обврски или темелно да ги променат финансиските правила на организација, за да се избегне колапсот.

Предупредувањето на генералниот секретар доаѓа откако најголемиот финансиер на ОН, Соединетите американски држави, одбија да даваат придонес за редовниот буџет на организацијата и за мировничките мисии, но истовремено се повлекоа и од неколку агенции, затоа што ги опишаа како „залудно трошење на парите на американските даночни обврзници“.
Во јануари, Трамп ги повлече САД од 31-една агенција на ОН, кои работат на проблемите како климатските промени, развојот, родовата еднаквост и мирното разрешување на конфликтите – теми кои американскиот претседател постојано ги отфрла како промотори на „глобалистичка или woke агенда“.

Кон крајот на декември, САД ветија дека ќе дадат само 2 милијарди долари за финансирање на хуманитарните програми на ОН, што е само дел од претходните придонеси.

Во 2022-та, придонесот на САД за овие активности изнесувал 17 милијарди долари.

Гутереш тврди дека ОН се соочувале со финансиски кризи и во минатото, но актуелната ситуација е „категорично поинаква“.

„Одлуките да не се почитуваат обврските со кои се финансира значаен дел од одобрениот буџет на ОН веќе се формално потврдени“ – напиша Гутереш, без да именува за кои точно земји членки станува збор.

Тој тврди дека „интегритетот на целиот систем“ зависи од тоа дали државите ќе ги почитуваат своите правни обврски според повелбата на ОН за плаќање на своите придонеси, додавајќи дека 2025-тата година завршила со досега рекордно висок неплатен износ – еквивалентен на 77% од вкупниот долг.