Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гутереш: Светот не може да си дозволи војна меѓу Индија и Пакистан

/

пред 529 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на максимална воена воздржаност и од Индија и од Пакистан и нагласи дека „светот не може да си дозволи воена конфронтација“ меѓу двете земји.

Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дужарил, изјави дека Гутереш е „многу загрижен“ за индиските воени операции преку Линијата на контрола, што е де факто границата меѓу делови од Кашмир под контрола на Индија и Пакистан, како и преку меѓународната граница на двете земји, објави „Гардијан“.

„Генералниот секретар повикува на максимална воена воздржаност од двете земји“, истакна портпаролот Дужариќ.