Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека загубите и штетите од глобалните климатски промени „повеќе не можат да бидат ставени под тепих“.
Обраќајќи се на конференцијата за климата КОП27 во Египет, тој повика на дополнителен данок на добивката на компаниите кои работат со фосилни горива, при што парите како што посочи ќе бидат пренасочени „на луѓето кои се борат со зголемените цени на храната и енергијата како и за земјите кои страдаат од загуби и штети предизвикани од климатската криза.











