Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гутереш загрижен дека Либан ќе стане „втора Газа“

/

пред 759 дена

Сподели преку :

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изрази загриженост дека Либан ќе стане „уште една Газа“ поради зајакнувањето на вооружениот конфликт меѓу Израел и проиранската либанска шиитска организација Хезболах.

-Она што ме загрижува е можноста Либан да се претвори во друга Газа, изјави Гутереш за Си-Ен-Ен на отворањето на неделата на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Во краткото интервју, Гутереш, кој се залага за смиреност на Блискиот Исток, исто така го изрази своето жалење што по речиси една година војна во Појасот Газа меѓу Израел и палестинскиот Хамас, ниту една страна не сака „вистинско“ примирје.

-Јасно ми е дека двете страни не се заинтересирани за примирје. И тоа е трагедија бидејќи тоа е војна што треба да престане, изјави тој за Си-Ен-Ен.