Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаџи-Јанев во „Топ тема“: Сите вредности на Западот се погазени во Газа, ако пламне Блискиот исток, светот може да отиде по ѓаволите

/

пред 729 дена

Сподели преку :

Од хумана гледна точка, девастирачката состојба во Газа е поалармантна, иако е очигледно дека либералниот свет остана хендикепиран, нем и заробен во политиките кои што полека, но сигурно се на карта на потоп на таа либерална идеја, особено заради тоа што сите оние вредности за кои што се залагаа западноевропските држава, па дури и трансатлантската агенда, таму се погазени, а лидерите, во најголем дел, се на страната на Израел, вели проф. д-р Методи Хаџи-Јанев, воено-политички аналитичар, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Сето тоа создава сериозен проблем, на другата страна, онаму каде што всушност Европа бара решение, а тоа е проблемот со Украина и кој ќе биде излезниот резултат од Украина. Ако Блискиот исток пламне, во голема мера може да предизвика каскадни верижни реакции кои што ќе предизвикаат, пред сè, економски, а потоа може и друг тип на кризни состојби од кои светот може да отиде во еден вртлог или да не кажеме, да отидеме по ѓаволите“, вели Хаџи-Јанев.