Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаити прогласи вонредна состојба поради масовно бегство на затвореници

/

пред 964 дена

Сподели преку :

Владата на Хаити oд синоќа прогласи 72-часовна вонредна состојба откако вооружени банди упаднаа во еден од поголемите затвори во Порт-о-Пренс. Во насилствата загинаа над 12 лица, а на слобода завршија околу 4000 затвореници.

Лидерите на овие групи коишто контролираат 80% од главниот град се обидуваат да го убедат премиерот Ариел Aнри да поднесе оставка. Последните немири почнаа во четвртокот откако тој отпатува во Најроби каде што разговара за праќање на мултинационална безбедносна сила предводена од Кенија на Хаити.

Синоќа беше многу лошо. Во затворот имаше бунт, животот ни беше загрозен. Се засолнивме, имаше многу истрели, се плашевме да не умреме. Ние, Колумбијците, никому не должиме ништо. Си седевме во ќелиите. Зошто не заминавме? Затоа што не мора да бегаме од никого. Никому не должиме ништо“, изјави Карлос Гвереро, затвореник.

Според владата, во текот на викендот биле извршени упади во два затвора – еден во престолнината и еден во близина на Кроа де буке. Последните случувања ги сметаат за  непослушност што претставува сериозна закана за националната безбедност.

Меѓу приведените во Порт-о-Пренс има и членови на групи осудени за убиството на поранешниот претседател Жовенел Моис во 2021 година.

Насилството во Хаити ескалира во последниве години.

Маја Стојаноска-Филдишев