Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Малициозниот софтвер „Рансомвер“ ги собрал податоците во ФЗОМ – фирмата која го одржува ситемот во фондот не направила резерва

/

пред 1342 дена

Сподели преку :

Системот за здравствено осигурување се уште е блокиран и надвор од функција по хакерскиот напад на 6-ти февруари. Хакерите кои стојат зад нападот бараат откуп за ослободување на системот и негово враќање во функција.

Се шпекулира дека откупот го побарале во биткоини, но од МВР велат дека немаат такви информации.

Целиот компјутерски систем е нападнат од малициозниот софтвер Ransomware, испратен од хакери, кој ги собира сите податоци од компјутерските системи вклучително и базите на податоци и истите ги шифрира. За враќање на податоците хакерите уценуваат со огромни суми на пари, чија исплата ја бараат во некоја крипто валута. Проблем е доколку од компјутерските системи или бази на податоци, при нивно одржување, не се прави редовно снимање на резервна база на податоците кои во ваков случај можат да се вратат за користење со што не би зависеле од уцената. За одржување на системот на ФЗО ангажирана е фирмата Некстсенс. Истото се случило и во министерството за земјоделиe. Но, фирмата која таму го одржува тој систем претходно ги заштитила податоците. Корисниците на здравствени услуги стравуваат од злоупотреба на нивните лични податоци, а целиот здравствен систем функционира со огромни проблеми, односно не може да се исплаќаат ниту средства кои одат преку Фондот за породилни и останати боледувања. Незадоволството е големо и меѓу вработените во државното здравство кои останаа без плати па најавија и протести за да дојдат до заработеното.