Хамас соопшти дека го одложува на неопределено време ослободување на израелските заложници поради бројните прекршувања и непочитувањето на условите од примирјето.
Военото крило на палестинската организација тврди дека Израел редовно ги бомбардира колоните Палестински беглаци кои се враќаат во своите домови и сѐ уште го опструира распределувањето на хуманитарната помош.
Како одговор израелскиот министер за одбрана Израел Кац соопшти дека ѝ наредил на армијата да биде подготвена за секое можно сценарио.
Следната размена на израелски заложници за палестински затвореници беше планирана за оваа сабота.
После сите пет претходни размени Израел остро реагираше кај посредниците за начинот на кој Хамас ги парадира заложниците пред да ги предаде, а загриженост изрази и Црвениот крст кој ги спроведува тие размени.
Суспендирањето на размените доаѓа во момент кога делегации на двете страни, заедно со посредниците, преговараат во Катар за втората фаза од примирјето.











