Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас ликвидираше шест заложници за да не бидат спасени од Израелската армија

/

пред 780 дена

Сподели преку :

Пронаоѓањето на телата на шест израелски заложници во Газа повторно ги турна во криза преговорите за примирје и ослободување на останатите заложници. Израелската армија соопшти дека спроведувала операција за нивно спасување, но заложниците биле ликвидирани од борците на Хамас само моменти пред да стигнат до нив.

Пред неколку часа ги известивме семејствата дека телата на нивните сакани беа пронајдени од единици на ИДФ во подземен тунел во Рафа. Според нашите прелиминарни проценки тие биле брутално убиени од терористите на Хамас кратко пред да стигнеме до нив, изјави портпаролот на ИДФ адмиралот Даниел Хагари.

Убиството на шесте заложници дополнително го разгоре гневот против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кого многумина во земјата го обвинуваат за неуспехот на преговорите за нивно ослободување. Во обраќање до јавноста, премиерот порача дека владата е силно посветена на преговорите, но Хамас се тие што постојано одбиваат. Тие што убиваат заложници, не сакаат договор, рече Нетанјаху.

Напорите за ослободување на нашите заложници продолжуваат. Од декември, Хамас одбива вистински да преговара. Пред три месеци, на 27 мај, Израел се согласи на договорот за ослободување на заложниците, со целосна поддршка на САД. Хамас одби, рече нетанјаху.

Нетанјаху е под жесток интерен и меѓународен притисок. Во Израел го критикуваат за лошо водење на војната и нејзино продолжување за да остане на власт, додека меѓународната заедница бара од него да се согласи на примирје заканувајќи се со судски процеси за воени злосторства.

Не му помагаат ниту јавните настапи на коалициските партнери, пред се десничарите, како министерот за надворешни работи Итамар Бен Гвир.

Овој жесток напад е потсетување за оние кои размислуваат за ослободување на терористите, што ќе се случува кога тие ќе бидат на слобода. Тие се ѓубриња, тие се убијци, тие се животни, и тие не треба да бидат ослободени, рече бен гвир.

Изјавата на Бен Гвир се однесува на напад во Западниот Брег, во кој беа убиени тројца млади Израелци од Палестинци кои отвориле оган врз нивното возило.

По привременото примирје кои стапи на сила во Газа, договорено за интензивирање на вакцинацијата против Детска парализа, израелската армија се фокусираше на спроведување рации против милитантите во поголемата и поумерена палестинска енклава, која е под контрола на палестинската управа.

Но, тие операции во кои Израел елиминираше 20-на милитанти, ги зголемија тензиите во областа во која Тел Авив одржува постојано воено присуство и има поголема контрола.

Игор Трајков