Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Хамас денеска предаде четири заложнички на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Нивното ослободување беше пренесувано во живо на телевизија.

Израелската армија соопшти дека четирите заложнички пристигнале во Израел.

Четирите жени војници – Карина Ариеф, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг – беа стационирани во набљудувачка станица во близина на границата со Појасот Газа, кога беа киднапирани од борците на Хамас, кои ја презедоа нивната база за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Хамас соопшти дека 200 затвореници денеска ќе бидат ослободени од израелските затвори. Се очекува меѓу нив да бидат и членови на Исламскиот џихад, Хамас и Народниот фронт за ослободување на Палестина, од кои некои отслужуваат доживотна казна затвор.