Еден од лидерите на Хамас Ал Хаја изјави дека израелските заложници нема да бидат ослободени додека не престанат непријателствата, додека израелските сили не се повлечат од Газа и не се ослободат палестинските затвореници.
Според Би-Би-СИ неговата смрт, иако не е резултат на точно планирана операција, туку случајна средба со израелските сили, е сериозен удар за Хамас, за кој Синвар беше клучна фигура во зајакнувањето на воените капацитети на организацијата.
Лидерот на Хамас Јахја Синвар, вчера беше убиен во борба со израелските сили , што претставува една од најголемите израелски воени победи во актуелниот конфликт со Хамас во Газа.











