Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас повторно изрази подготвеност за сеопфатен договор за Газа

/

пред 408 дена

Сподели преку :

Палестинската организација Хамас соопшти дека е подготвена за сеопфатен договор кој би вклучувал ослободување на сите израелски заложници во замена за договорен број палестински затвореници.

Изјавата доаѓа по повикот од американскиот претседател Доналд Трамп до Хамас да ги ослободи преостанатите 20 заложници. Ова е последен обид за дипломатско решение на конфликтот во Појасот Газа.

Израелската влада веднаш реагираше, нарекувајќи го предлогот уште една манипулација без суштинска новина. Според нив, крај на војната ќе има само доколку се исполнат повеќе услови – ослободување на сите заложници, разоружување на Хамас, демилитаризација на Газа и воспоставување израелска безбедносна контрола врз енклавата.

Израел дополнително инсистира на создавање алтернативна цивилна управа која ќе ја замени актуелната власт на Хамас во Појасот Газа.