Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамас предаде четири тела на заложници на Израел

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Хамас денеска предаде четири тела на заложници на Израел, меѓу нив тројца членови на семејството Бибас, мајката Шири и нејзините мали деца Кфир и Ариел. Биле на возраст од девет месеци и четири години во моментот кога биле коднапирани.

Ова е прва размена на мртви заложници од почетокот на прекинот на огнот во Газа минатиот месец. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „срцето на целата нација е растргнато“. Денеска е многу тежок ден за Израел – шокантен ден, ден на тага. Донесуваме дома четворица наши сакани, киднапирани.

Ние сме со нивните семејства, а срцето на целата нација е растргнато, а тоа требаше да биде срцето на целиот свет, бидејќи овде гледаме со кого си имаме работа – чудовишта“, рече Нетанјаху. Хамас тврди дека тројцата членови на семејството Бибас биле убиени во израелски напад во ноември 2023 година – Израел не го потврди ова и вели дека ќе го потврди нивниот идентитет само по форензичките тестови. Според Хамас четвртото тело припаѓа на 84 годишниот Одед Лифшиц, ветеран за мир и активист.