Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хаос и физичка пресметка во Собрание

/

пред 1577 дена

Сподели преку :

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми и пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците. Скандалот се случи на комисиската расправа за законските измени со кои на судиите кои наскоро треба да се пензионираат, власта сака да им се продолжи работниот век, до изборот на нови.

До инцидентот дојде по говорот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој обвини дека во комисијата нема членови од опозициските партии.

Претходно ВМРО ДПМНЕ достави повеќе од 200 амандмани со намера да го блокира законот. По инцидентот ВМРО-ДПМНЕ комисијата ја нарече „комисија на дивиот запад“.

Алијанса за Албаниците прстот го впери во ДУИ за кои рече дека преку шверцерски закон сакаат да го сокријат криминалот и корупцијата во државата.

За денешниот скандал ДУИ целата вина ја префрла врз ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата за Албанците, без да го осуди однесувањето на Адеми. Од СДСМ пак, со критика единствено на адреса на ВМРО-ДПМНЕ, ја обвинија опозицијата дека жестоко ги брани криминалците на режимот и е против функционален судски систем.

Мартин Николовски