Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хелсинки, веќе една година нема ниту една сообраќајна жртва

/

пред 257 дена

Сподели преку :

Главниот град на Финска, Хелсинки, веќе една година нема ниту една сообраќајна жртва, благодарение на намалувањето на ограничувањето на брзината и поставувањето на повеќе од 70 камери за сообраќаен надзор.

Градот од 1,3 милиони жители има и околу 1.500 километри велосипедски патеки, што дополнително ја зголемува безбедноста.

Проектот „Сејф Сити“, кој во Хелсинки е дел од долгорочната стратегија за безбедност во сообраќајот, покажува дека технологијата и строгите правила можат значително да го намалат бројот на сообраќајни несреќи.

Во Финска, казните за пребрзо возење се пресметуваат врз основа на приходот на возачот, што доведува до многу висок износ за богатите возачи.

Според активистите, ваквите резултати се пример и за другите градови, вклучително и за Македонија, каде што проектот „Безбеден град“ со камери и ограничување на брзината има за цел да ја подобри безбедноста на улиците.