Во знак на одмазда за убиството на нивниот водач, Хезболах ја нападна израелската војска. Тие упатија 320 ракети и голем број беспилотни летала кон нив.
САД помогнаа на Израел во следењето на овој напад, но не беа вклучени во одбрана на нападите во Либан.
Израел им возврати со воздушни напади на неколку нивни позиции во јужен Либан. Според министерството за здравство на Либан, загинало најмалку едно лице по израелски воздушен напад на автомобил во либанскиот град Каим.
Шефот на Хезболах пак изјави дека бил планиран напад во близина на Тел Авив. Но бил одложен за да се разговара за прекин на огнот.
,,Нормално е што отпорот ја објави својата посветеност и непоколебливост да одговори на оваа тиранска агресија за да можеме да ја балансираме ситуацијата што нè чинеше крв и жртви со децении. Ова беше нешто што не можевме да го простиме” – изјави Хасан Насрала, лидер на Хезболах.
Нетанјаху истакна дека прават се за да обезбедат заштита на Израел.
„Утринава ги откривме подготовките на Хезболах за напад на Израел. Во консултација со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, му наложивме на ИДФ да дејствува проактивно за отстранување на заканата. ИДФ оттогаш работи енергично за да ги спречи заканите. ИДФ уништи илјадници ракети насочени кон северот на земјата, тие исто така спречија многу други закани и дејствуваа со голема моќ – и во одбрана и во напад“ – истакна Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Последнивве напади би можеле да бидат ескалација за поголема регионална војна. Потпаролот на израелскаа војска вели прават се што е потребно за заштита од заканите на Хезболах. Ги предупреди и граганите во јужен Либан да ги напуштат областите каде што дејствува Хезболах.
„Ги отстрануваме заканите за израелскиот домашен фронт. Десетици авиони на воздухопловните сили напаѓаат цели во различни области на јужен Либан. Продолжуваме да ги отстрануваме заканите, силно да ја напаѓаме терористичката организација Хезболах. Хезболах лансира ракети и беспилотни летала на територијата на Израел .Системите за воздушна одбрана, морнарските бродови и авионите на воздухопловните сили се во мисија да го заштитат небото на Израел, да идентификуваат и пресретнуваат закани и да напаѓаат каде било во Либан, каде што е потребно за да се отстранат заканите и да му се наштети на Хезболах. Кога рековме дека ќе направиме се што е потребно за да ги заштитиме граѓаните на државата Израел, тоа е она што го мислевме“ – вели Даниел Хагари, портпарол на израелската војска:
Жителите на Либан велат се уморни. Ова за нив е неприфатливо.
„Спиев дома. Во 04:45 часот, почувствував како се тресе главната врата од куќата. Обично тоа се случува кога има ветер, но овие денови нема ветер. Тресењето беше континуирано. Предвидував дека има воздушни напади, тоа беше континуирано – потврди Марон, Аун жител на Либан
„Ги повикувам сите земји да интервенираат за да се најде решение за ова прашање во регионот, на целиот Блиски Исток, особено меѓу Либан и Палестина. Доста е, сакаме да се одмориме. Војната трае веќе 11 месеци. Луѓето се уморни и ова е неприфатливо, тотално неприфатливо“ – вели Анвар Абу Мрад, жител на Либан
Овие напади беа причина денес главниот аеродром во Израел да остане затвворен. Полетувањата биле одложени, а дојдовните летови пренасочени.
Хезболах објави крај на овие напади, но истакна дека ова е само прва фаза од нивната планирана одмазда.
САД внимателно ја следи оваа ситуација. Бајден како и неколку официјални американски претставници се во континуирана комуникација со израелските партнери. Тие пружаат целосна подршка кон Израел и велат прават се за да има регионална стабилност.
Марија Коцева











