Сирени се огласија во северен Израел утринава. Хезболах лансираше 150 ракети во Израел.Иако целта им била индрустриски и воени локации, оштетени се домови, а има и голем број на повредени. Либанската група вели ова е одговор на експлозиите во Либан во вторникот и средата во која загинаа 37, а беа ранети околу 3.000 луѓе..
Овие меѓугранични напади предизвикаа страв и трепет кај жителите во северен Израел. Уништени автомобили, куќи, и затворени улици. Ова е сликата во северен Израел.
„Во текот на утрото овде во околината се слушнаа сирени. Слеговме во засолништето со моето бебе и мојата сопруга. По неколку минути слушнавме бучава – нешто за кое знаевме дека укажува на напад. Живеам на 100 метри оттука, ми беше оштетена куќата , и без чевли, без кошула, само со панталони, истрчав до оваа куќа додека сè уште гореше, обидувајќи се да најдам дали има други луѓе. Заедно со други се собравме, се обидовме да го контролираме пожарот, но навистина е зачудувачки пад што го запрепасти целото маало.Имам 9-месечно дете уште повеќе се плашев за него“ – вели Ави Вазана , жител во местото на нападот.
Училиштата и другите образовни институции веднаш беа ставени под клуч по самиот напад во северниот дел на Израел. Тие најверојатно нема да работат и во текот на утрешниот ден. Освен училиштата, болниците започнаа со префрлање на пациентите во засолништа.
Израел возврати со воздушни напади врз цели во јужен Либан. Израелскиот премиер изјави дека Израел „ќе направи се што е потребно за да ја врати безбедноста“.
„Во следните месеци не престанаа да не напаѓаат ниту еден ден. Ниту една земја не може да прифати бесмислено ракетирање на нејзините градови. И ние не можеме да прифатиме. Ќе ги преземеме сите неопходни активности за да ја вратиме безбедноста и да ги вратиме нашите луѓе безбедни во нивните домови“ – истакна Нетанјаху.
ОН веднаш предупредија на голема катастрофа, бидејки се повеке и повеке се зголемуваат овие насилства.
Бројот на загинати пак во нападот во Бејрут кој беше извршен овој петок се искачи на 45. Израелскиот воздушен напад собори осумкатна зграда во населена населба во Бејрут. Освен жени и деца, мегу убиените беше и Ибрахим Акил, висок функционер на Хезболах.
Марија Коцева











