Со 62 гласа „за“, Хисни Исмаили од редовите на партијата „Алтернатива“ е избран за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија. Седницата почна со задоцнување од еден час, а на неа не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
На дневен ред на оваа седница е и Интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска, поднесена од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, пратениците на продолжение на 88. седница, го изгласаа Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, а Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за членови на Уставниот суд. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала на стартот на расправата за изборот на уставните судии.











