Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Барањето на цементарница „Титан Усје“ за обновување на А интегрираната дозвола за работа е доставено уредно, постапката тече, треба да заврши во март месец, законот влегува во сила во септември во 2027 година, што значи дека дозволата за „Усје“ ќе биде според правилата на новиот закон, уверува Муамед Хоџа, министер за животна средина и просторно планирање, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тоа ќе го кажеме ние, ќе го кажат претставниците на индустријата на јавната расправа што треба да се случи, иако законот ќе влезе во сила по шест месеци од обновување на дозволата“, рече Хоџа.

Тој додаде дека барањето на „Титан Усје“ е според актуелниот закон.

С.Д.