Хуманитарните пратки во Газа се доставуваат со падобрани. Во процесот се случила и несреќа во близина на кампот за бегалци Ал-Шати откако пакети паднале врз неколку лица и усмртиле петмина откако не се отворил еден од падобраните.
Петте месеци од борбите меѓу Израел и Хамас ја влошија дополнително состојбата во Појасот. Многу Палестинци, особено од северниот дел коj претрпе најсилен удар, едвај преживуваат.
Хуманитарните организации тврдат дека е речиси невозможно да се достават пакетите со помош во поголемиот дел од територијата под опсада поради проблемите во координацијата со израелската армија, постојаните вооружени пресметки и непочитувањето на јавниот ред.
Неодамна американската војска почна да врши достава од воздух во Газа.











