Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Христијанско село на мета на Израел, најмалку 21 загинати лица, под закана и мировниците на УНИФИЛ – Либан прераснува во нов пекол на земјата

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Либан прераснува во нов пекол на земјата. Од ден во ден се интензивираат израелските воздушни напади врз Бејрут, но и копнени операции во земјата. На мета се најде и Аито, претежно христијанска населба, која е далеку од позициите на Хезболах кои првично беа на удар. Притоа загинаа најмалку 21 лице, а осум се повредени, објави либанското министерство за здравство. Израелците објавија дека пронашле и подземен тунел во јужен Либан, долг околу 800 метри, кој, според нив, служел како команден центар на милитантната група.

Нападот врз Аито доаѓа по два дена од нападот на Хезболах чиј дрон погоди израелска воена база, пришто загинаа четворица израелски војници, а преку 50 беа повредени. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ја посети базата во северен Израел од каде порача дека безмилосните удари врз Хезболах ќе продолжат, до постигнување на зацртаните цели.

Освен цивилното население, под закана, но и израелски оган, во Либан се и припадниците на УНИФИЛ мировната мисија. Обединетите нации порачаа дека мировниците ќе останат на своите позиции и покрај израелските барања за нивно повлекување на пет километри зад т.н. „сина линија“. Од почетокот на израелските копнени операции во Либан на 1 октомври, позициите на УНИФИЛ биле 20 пати мета на напади, меѓу кои и неделниот инцидент во кој два израелски тенка ја пробија влезната врата на базата.

Сашко Димовски