Украина нема да ги прифати условите на рускиот претседател Владимир Путин за почетокот на преговори за прекин на огнот, порача Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој го отфрли предлогот на Путин, оценувајќи дека не станува збор за сериозен обид за постигнување на мировен договор и оти не е релевантен за какви било преговори.
Подољак истакна дека не постои можност за компромис меѓу изјавите на Путин и условите за крај на војната што ги понуди Украина.
Путин претходно порача дека Украина ќе мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата за членство во НАТО за почеток на мировни преговори.
Москва ќе го прекине огнот ако Украина ги повлече трупите и се откаже од НАТО, условува Путин











