Понудата од „Европскиот фронт„ да им се придружат во опозиција за „заедно да му ги покажат црвените линии на Мицкоски „,од коалицијата „Вреди„ ја дочекаа со иронија. Токму во друштво на премиерот, министерот Таравари му испрати утешителни зборови на лидерот на ДУИ.
Премиерот, пак, рече дека жали што Ахмети ја споредил својата партија со гума за спасување, велејќи дека очекувал поголема креативност. Во однос на најавите за протести, рече дека тоа е нивно граѓанско право, но ако преминат во насилство, тогаш институциите мора да се одбранат. Кусо го прокоментира и повторното барање за ветинг на сите функционери во последните 30 години.
Ахмети му одговори дека законот за ветинг е предложен пред четири години и дека бара да се случи со учество на претставници од Брисел и од Вашингтон.
Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.
Далиборка Демјанска Цветановска











