Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хутите гаѓаа британски брод, Хезболах ракетираше изралески град – нови немири на Блискиот Исток

/

пред 982 дена

Сподели преку :

Јеменските Хути објавија дека гаѓале британски брод во Аденскиот залив. Претходно денеска, експлозија во тоа подрачје предизвика истекување на дизел од товарен брод, објави британската компанија за поморска сигурност Амбри. Нејасно е дали двата инцидента се меѓусебно поврзани.

Хутите го прекинаа глобачниот поморски сообраќај со повторните напади врз комерцијални бродови во Црвеното Море за кои тврдат дека се поврзани со Израел, Велика Британија или САД. Тие ветија дека ќе продолжат со нападите со проектили или беспилотни летала, во знак на солидарност со Палестинците во Газа, и покрај американско-британските воздушни одговори врз нивни позиции во Јемен.

Хезболах, во меѓувреме, соопшти дека негови сили изведоа ракетни напади врз Кирјат Шмона. Истрелани се десетина проектили кои, според израелски извори, причиниле материјална штета.

„Нападот е одговор за вчерашните израелски воени дејствија во јужен Ливан во кои загинбаа 10 цивили“, соопшти проиранската милитантна група.