Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хутите истрелаа проектил на британски нафтен брод во Црвеното Море кај Јемен

/

пред 980 дена

Сподели преку :

Ракетниот nнапад бил насочен кон брод во близина на Јемен во Црвеното Море, последен во низата за кој постои сомнеж дека го извршиле јеменските бунтовници Хути откако започна израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Воениот портпарол на Хутите Јахја Сари ја презеде одговорноста за нападот во претходно снимена порака, тврдејќи без докази дека проектилите на бунтовниците го погодиле бродот.

Тој го идентификуваше таргетираниот брод како британски нафтен брод.

Од ноември, бунтовниците постојано гаѓаа бродови во Црвеното Море поради израелската офанзива во Газа.

Тие често гаѓаа бродови со слаби или без јасни врски со Израел, загрозувајќи ја клучната рута за трговија меѓу Азија, Блискиот Исток и Европа.

Војските на САД и Велика Британија спроведоа повеќе рунди воздушни напади насочени кон ракетниот арсенал на Хутите и локациите за лансирање на територијата што е под нивна контрола.

Меѓувреме, Централната команда на американската војска соопшти дека извршила нови воздушни напади насочени кон Хутите во четвртокот.

Во него се опишани ударите на три мобилни противбродски крстосувачки ракети на територијата контролирана од Хути, подготвени да бидат лансирани кон цели во Црвеното Море.