Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хутите: Ќе го поддржиме Иран, како што ја поддржуваме Газа

/

пред 487 дена

Сподели преку :

Јеменската бунтовничка група Хути објави дека го поддржува Иран во конфликтот со Израел, на ист начин како што ја поддржува Палестина и Појасот Газа. Мохамед ал Букаити, член на политичкото биро на Хутите, изјави дека групата се координира со Техеран поради воената ескалација во регионот.

Хутите пред два дена првпат го гаѓаа израелскиот град Јафа, потврдувајќи ја заедничката воена акција со Иран. Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираа ракети и дронови кон Израел и извршија напади врз над 100 бродови во Црвено и Арапско Море, како и во теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденскиот Залив, што предизвика нарушувања во глобалниот транспорт и ја зголеми цената на товарните рути.